Imagem

Chrysanthemum - Хризантема

Повеќегодишно цвеќе во облик на грмушкаста топка која по својот раст, декоративен и богат цвет дефинитивно можеме да ја вброиме во групата на раскошни цвеќиња. Кај нас е популарна во почетокот на Есента и го симболизира нејзиното доаѓање. Достапна е во многу различни видови, големини и бои како и комбинација од две или три бои. Се сади во саксии или директно во земја. За прв пат била култивирана во Кина, а својата популарност ја добива и во Јапонија каде е прогласена за национален цвет и се празнува на 9ти Септември на Денот на хризантемата кој е еден од петте антички цветни фестивали во Јапонија. Во различни култури таа симболизира различни вредности. Позната е како симбол на среќа, моќ, богатство и искреност. Во Австралија хризантемата често се дава како подарок на Денот на мајката. Во Кина се смета за симбол на есента и симболизира долговечност. Во Јапонија се смета за симбол на царот и царското семејство.

Прикажани 46 до 60 од 120 (8 страни)