Poinsettia - Божиќна Ѕвезда

Poinsettia или позната кај нас како Божиќна Ѕвезда е повеќeгодишно собно растение карактеристично за периодот околу Нова Година и Божиќ. Своето име “Poinsettia” го добила во чест на првиот амбасадор  на САД во Мексико “Joel Roberts Poinsett”  кој за прв пат откривајќи го ова преубаво црвено растение, испратил исечоци во својата родна земја и од тогаш се забележуваат почетоците на нејзиното култивирање. Карактеристична и доминантна е во црвена боја, но може да се сретне и во бела, жолта, розева како и голем број на комбинации, нијанси и варијации. Се поставува на место каде што има доволно извор на светлина (прозорец), а треба да се избегнува близок извор на топлина (радијатор, клима уред или друго грејно тело). Просторијата во која се наоѓа треба да има доволно влажност на воздухот и температура од околу 25°C. Премногу високи температурни разлики може да го скратат животниот век на Божиќната Ѕвезда. Земјата во која е засадена треба да биде постојано и не премногу влажна.

Прикажани 1 до 7 од 7 (1 страни)