Код на продуктот: W75
Достапност: Наскоро на залиха

Станува збор за едни од најпопуларните цвеќиња на овие простори. Вистински избор да постигнете богат цветен перформанс на вашите балкони. Идеална за висечки саксии, жардињери, ќупови и слично. Достапни се во повеќе серии со широк спектар на бои и прекрасна форма на цвет. Идеална за комбинирање на повеќе бои, но и како комбинација со други цвеќиња и декоративни растенија. Успева на сончево место или полусенка, потребно е да се засади во богата земја и да се внимава на редовната прихрана како и сите останати средства за заштита. Земјата во која е засадена треба да биде постојано умерено влажна и многу честото наводнување може да допринесе за гниење и скапување на коренот. Цвета и обновува постојано, па нема потреба да се отстранува застарениот цвет.