Код на продуктот: V18
Достапност: Нема на залиха

Едни од најпопуларните и најзастепени цвеќиња на овие простори како поради својата убавина така и поради големата издржливост, постојано цветање и одличен перформанс. Успеваат на сончеви места, полусенка и сенка. Се садат во саксии, прозорски жардињери или цветни леи. Издржуваат подолг период помеѓу едно и друго наводнување на земјата во која се засадени, што значи сакаат умерена влажност и наводнување тогаш кога земјата ќе биде речиси сува. Премногу вода може да предизвика скапување на коренот. Цветаат од рана пролет, па се до доцна есен.