Код на продуктот: V174
Достапност: Нема на залиха

Коријандер (Coriandrum sativum), исто така познат и како кинески магдонос е едногодишно растение. Листовите му се слични на магдоносот, иако се доста помали, а мирисаат на мешавина од цреша, ванила, цимет, ружа или портокал. Како зачин се користат и листовите и плодовите. Листовите на постарите билки можат да се користат за салати и како додаток на јадења од сирење. Семето вообичаено се користи во теста, пецива, во рецепти кои содржат зелје, тиква и слични состојки. Одлично е како додаток на јадења од дивеч, чорби, јадења од свинско и јунешко месо, а оди и во рецепти со зелка и печурки. Познато е благотворното дејство што коријандерот го има во поцесот на варење на храната, па поради тоа е препорачливо да се додаде во било кое “тешко“ јадење. Освен како додаток за солени јадења, може да се употреби и при подготовка на слатки како компоти, божиќни колачи, маринади, коктели. 

Коријандерот има голема примена во народната медицина особено како средство против анксиозност(вознемиреност) и несоница.

Во традиционалната медицина коријандерот често се користи за подобрување на функцијата на дигестивниот систем и за намалуваже на гасовите во желудникот. Коријандерот исто така е познат како традиционален лек за дијабетес.