Код на продуктот: V170
Достапност: Нема на залиха

Станува збор за цвеќе кое ќе го привлече сечие внимание и ќе ги освои сите љубители на убаво украсените дворови и балкони. Успева на сончеви места или полусенка. Цвета од средина на пролет, па се до есен. Има преубави цветови со изразени бои кои се доминантни во однос на гранките и листовите. Редовното чистење на застарените цветови ќе придонесе за побрзо појавување на нови и за поубав визуелен изглед. Местото или садот (саксија, жардињера...) каде што ќе бидат засадени, треба да биде доволно голем за да му овозможи на ова цвеќе максимално да ги покаже своите можности.