Код на продуктот: Plectranthus Coleoides Variagata
Достапност: Наскоро на залиха

Одлично декоративно растение со зелено бели листови и многу интензивен мирис. Успева на сончеви места, полусенка или сенка. Во наше поднебје е едногодишно растение, но лесно може да се презими во просторија каде што температурата не е ниска. Може да се засади во комбинација со друго растение или самостојно. Едноставни се за одржување и потребен им е поголем простор за вегетација поради нивната тенденција да се шират и разгрануваат.