Код на продуктот: D29
Достапност: На залиха

Pelargonium Zonale е едно од најпознатите и најпопуларните цвеќиња на овие простори. Нејзиниот раскош несомнено ќе го збогати секој простор каде што ќе биде засадена или поставена. Има карактеристични големи зелени листови, големи топчести цветови и грмушкаст раст. Успева на топли места со доволно светлина, сончеви места или полусенка. Цвета од почетокот на пролетта, па се до есен и е едногодишна во надворешни услови. Доколку ја засолните во текот на зимата во топли простории, на пролет повторно ќе имате цвеќе кое успешно ќе вегетира. Едноставни се за одржување, треба да бидат засадени во богата почва и повремено да се прихрануваат со соодветно ѓубриво. Достапна е во повеќе серии со широк спектар на бои.