Код на продуктот: Vr5
Достапност: На залиха

Pelargonium Peltatum или позната како висечка сардела е едно од најпопуларните балконски цвеќиња. Бидејќи припаѓа на групата балконски цвеќиња препорачуваме да се засади во некоја висечка саксија, жардињера или на место каде што ќе има доволно простор да се разлози. Успева на сончеви места или полусенка, места каде што има доволно светлина и топлина. Препознатливи се по својот раскош од многубројни и прекрасни цветови и изразена зелена маса. Достапни се во повеќе серии и бои. Цветаат од пролет до доцна есен и се едногодишни, но може да се презимат во некоја топла просторија.