Код на продуктот: christmas universe
Достапност: Нема на залиха

Божиќна Ѕвезда или Euphorbia pulcherrima е цвеќе кое го најавува доаѓањето на новогодишните и божиќните празници.
Со своите прекрасно обоени листови и богат перформанс одлично се вклопува во празничната декорација не секој дом.
Станува збор за собно цвеќе кое со соодветна нега е повеќегодишно и на пазарот може да се сретне во повеќе бои како: црвена, жолта, бела, розева, но и комбинации од истите.
Се чува во внатрешна просторија каде што температурата е околу 20-25 степени, а големите температурни разлики може трајно да ја оштетат.
Воздухот треба да биде влажен, во спротивно истата треба често да се оросува како не би дошло до опаѓање на листовите.
Избегнувајте близок извор на топлина (клима, радијатор..), но и места каде често се отвара прозорец или врата.
Божиќната Ѕвезда се наводнува само тогаш кога земјата ќе биде потполно сува, а честото наводнување предизвикува пожолтување и паѓање на листовите.