Достапност: Нема на залиха
Allium Schoenoprasum или кај нас познат како власец е вид растение од родот на луковите во потесно сродство со лукот, козјиот лук (шалот), празот, кромидот и кинескиот кромид. Власецот се одледува поради неговата кулинарска намена, но и како украсно растение. Власецот е доста застапен како кулинарска билка, чии стебленки и затворени пупки се насекуваат како додаток во риба, компири, чорби и други јадења. Во некои краишта цветовите се ставаат во салати. Особено е застапен во разни европски кујни, особено во француската и шведската. Во Шведска се става во солени палачинки, чорби, риба и сендвичи. Се меша со павлака и се служи како јадење со харинга по повод празникот Тајане. Цветовите понекогаш се ставаат како украс. Во Полска и Германија, исечканиот власец се меша со урда. Во Франција важи за едно од најценетите зачински растенија, заедно со естрагонот, крбулицата и магдоносот. Во многу земји се продава свеж преку целата година, но може и да се замрзнува, бидејќи тоа не влијае на вкусот. Растение е корисно и во градината бидејќи ги одвраќа штетните инсекти. Цветовите даваат големо количество нектар за инсектите-опрашувачи, и со тоа посредно го помагаат размножувањето на останатите растенија.