Код на продуктот: C1
Достапност: Наскоро на залиха

Наликува на хризантема по начинот на раст и цвет. Цвета изобилно од доцна пролет, па се до есен. Успева на сончево место, во почва која е богата и има одлична дренажа. Како и повеќето цвеќиња од фамилијата на маргаритки и овој вид привлекува пеперутки и други инсекти за оплодување. Редовно чистете ги прецветаните цветови со што ќе овозможите побрзо да се формираат нови, а воедно и цвеќето ќе изгледа поубаво. Интересен избор за саксии, жардињери како и цветни леи.